Wir verwenden Cookies, um Inhalte und Anzeigen zu personalisieren, Funktionen für soziale Medien anbieten zu können und die Zugriffe auf unsere Website zu analysieren. Details ansehen…
Mittwoch
11
APR

Светлост во Планетариум

21:00
22:00
Младински Културен Центар
Organisator der Veranstaltung Младински Културен Центар

Anfahrt

Kategorie
#var:page_name# cover

Драги пријатели, малата мечка ве кани на ново музичко патување:

СВЕТЛОСТ • Концерт во Планетариум.
Среда, 11 април, 21 часот.

СВЕТЛОСТ e музички колектив основан во 2014 година.
Се работи за флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. На овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните три.
Во моментов, паралелно работат на повеќе композиции, од кои најактуелната е во соработка со Филип Букршлиев и Бисера Базер.

Оваа среда ќе настапат во состав:

Нинослав Спировски (кларинет/саксофон)
Кристијан Новковски (удиралки)
Дени Омерагиќ (синтесајзер/електроника)

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот). Побрзајте.

Ort der Durchführung der Veranstaltung

Младински Културен Центар