We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
02
JUN

Курс за апликација на хијалуронски филер и ботокс

09:00
18:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Курс за апликација на Хијалуронски филер и Botullinum toxin!

Едукацијата започнува со теоретски дел каде што учесниците ќе се запознаат со современите концепти на примена на полначи (fillers)- хијалуронски импланти, како и со апсолутните и релативните индикации, контраиндикации, несакани ефекти и нивна санација.
Во рамките на практичниот дел, докторите ќе имаат прилика самостојно да работат на пациентите и да ги применуваат хијалуронските филери. Со завршувањето на едукацијата учесниците, ја совладуваат умешноста на употреба на полначите за корекција на: усни, назолабијални брчки, марионети, глабијална регија, регија околу очите или така- наречени "crow-feets", линеарни брчки на челото, пушачки бори, јагодици
.
Центарот овозможува и едукација во врска со полуларниот botullinum toxin (ботокс).
Обуките се одржуваат на ист начин како и кај хијалуронските филери, а по завршувањето на оваа едукација, учесниците ја совладуваат умешноста за употреба на botullinum toxin на лице, како и за примена на истиот во областа на стоматологијата во решавање на "gummy smile" и бруксизам.

ПО СЕКОЈА ЕДУКАЦИЈА УЧЕСНИКОТ ДОБИВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ПРИЗНАТ СЕРТИФИКАТ И СЕ СТЕКНУВА СО ПРАВОТО НА САМОСТОЈНА РАБОТА.

Број за контакт:
078 284 783
078 425 327