We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Friday
13
APR

Атена со пенис

20:00
22:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

-автор: Александар Русјаков режија: Синиша Евтимов сценографија: Милан Несторов и Александар Ношпал костимографија: Александар Ношпал асистент костимограф: Андреј Ѓоргиевски маски: Ѓорѓи Ѓорѓиевски Играат: Рубенс Муратовски Катерина Коцевска Лазе Манасковски Зоран Љутков Јана Стојановска Гордана Ендровска Филип Трајковиќ Калина Наумовска Емилија Мицевска Благица Димитровска Александар Степанулески Ванчо Петрушевски Гоце Тодоровски Диме Илиев Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска Toн - мајстор: Чедомир Младеновски Светло - мајстор: Митко Ризов „Атена со пенис“ е сценска адаптација на истоимениот роман на Алек Русјаков која од комична позиција се занимава со се’ поизразената деградација на општествените, семејни и културни вредности. Во фокусот на дејството е Виктор Велков, просечен, средовечен македонски „шалабајзер“ и самоповикан гуру на турбофолк сцената. Виктор живее лесен, удобен и безгрижен живот, а ненадејната смрт на татко му и очекуваното наследство, ветуваат уште побезгрижни денови во иднина. Но, како што обично бива, на читањето на тестаментот работите добиваат сосема неочекуван тек. Обидувајќи се да извлече максимум од новонастанатата збунувачка ситација, Виктор презема низа дејствија врз кои бргу губи секаква контрола...