We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
14
APR

Обука: Животен стил без отпад

12:00
16:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Дали сакаш да научиш како да го намалиш отпадот кој го создаваш а потоа да го примениш добиеното знаење? Ако сакаш ова да го постигнеш, но не знаеш како, ViridiQ се тука да ти помогнат! Пат под нозе и дојди на нашата обука!

Обуката ќе се одржи на 14.04 во просториите на центарот за млади на општина Центар(tbc) каде ќе научите како луѓе живеат без отпад, што ќе ви помогне да научите како вие да го намалите својот отпад!

Применете го вашето знаење со тоа што ќе се приклучите на предизвикот од 15.04 до 22.04 каде секојдневно ќе тргнуваме едно парче непотребен отпад. Пријавените ќе добијат стартер-пакети како и константи насоки и поддршка од организаторите.

Пријавувањето е најдоцна до 12.04.2018, до 23:59 со пополнување на апликацискиот формулар на овој линк: https://goo.gl/NjXghi
Побрзајте и пријавете се бидејќи бројот на учесници е ограничен!

Агенда:
11:45-12:00 Регистрација
12:00-12:15 Воведен збор
12:15-13:15 Ѓубрето околу нас: како се справуваме со отпадот на „Големата слика?“
13:15-14:15 Ѓубрето од нас: како живеат луѓе без отпад?
14:15-14:45 Пауза, нула-отпад закуска
14:45-15:30 Како е во реалноста? Пример за импакт. Вовед во предизвикот
15:30-16:00 Рефлексија, делење на стартер-пакети

Која е потребата од ваквата обука?
-Отпадот кој го создаваме завршува на депониите кои ја контаминираат почвата, дел од исцедоците завршуваат во водните површини и во воздухот кој секојдневно го дишеме. Освен што ја загадува природата тој влијае негативно и од економска гледна точка бидејќи сите набавени ресурси во нашите домови не се искористени пред истекот на рокот. Згора на тоа Македонија е земја во која 450.000 лица не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден, а се фрлаат 5000 тони јадлива храна годишно.

<< Кога ќе го пресечеме последното дрво, кога ја уловиме последната риба и кога ќе ја загадиме последната река, конечно ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари! >>

Придружете ни се и чекор-по-чекор да се подобриме самите себеси и нашата околина! Ве очекуваме!