We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Thursday
05
APR

Ораторски Настапи За Ромскиот Народ

16:00
19:00
Romaversitas Macedonia
Event organized by Romaversitas Macedonia

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Ораторски настапи на тема „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“ ќе се одржат на 05 април (четврток), 2018 година, со почеток од 16.00 часот, во Македонски Народен Театар (мала сцена), во Скопје.

Говорници кои ќе настапуваат:
- Руфат Демиров – студент на Политички студии на Правниот факултет "Јустинијан Први"- Скопје
- Џемилијана Абдулова - студентка на студии по Новинарство, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје.
- Надир Усеин - студент на Филозофскиот факултет на департманот Меѓународни и интеркултурни студии. при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.
- Сумеa Рахим - апсолвентка на Медицинскиот Факултет во Скопје, на отсекот за Физиотерапевти.
- Орнела Гани - студентка на Филозофски Факултет на Институтот за социјална работа и социјална политика, при Универзитетот св. Кирил и Методиј.
- Селвије Мустафи - студентка на Факултет за комуникации, јазици и култури, при УЈИЕ

На настанот ќе биде вклучено:
- Доделување на признанија на дипломирани Роми од прв циклус на студии во 2017 година.
- Избор на најдобри студенти Роми – корисници на Ромаверзитас во учебната 2016/2017 година.
- Доделување на сертификати на студенти Роми – корисници на Ромаверзитас во учебната 2017/2018 година

Овој настан е организиран од ЗГ Ромаверзитас, а финаниски подржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.