We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Friday
13
APR

Брачна игра

20:00
22:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Според Едвард Олби
Режисер: Тони Михајловски

Улоги:
Џилијан - Весна Петрушевска
Џек - Игор Џамбазов

„БРАЧНА ИГРА“ МИРИСА НА НЕШТО ЕПТЕН ЛИЧНО Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла бла бла... Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично! Брачна игра на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод, и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка. Тоа е тоа! Џилијан и Џек, како Весна и Игор ИЛИ Весна и Игор како Џилијан и Џек!

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Продуцент: Виолета Дамевска – Ѓоргиева
Преведувач од англиски: Весна Петрушевска
Костимограф: Елена Пандева
Изработка на костимите: Модно студио - Елена Лука

Сценограф: Илина Ангеловска
Реализација на сценографијата: Флорис од Кочани
Музичка илустрација: Игор Џамбазов и Весна Петрушевска
Дизајнер на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ

Светло-мајстор: Илија Тарчуговски
Тон-мајстор: Ненад Трпеноски
Инспициент: Александар Рајковски
Видео оператор: Димитар Димитров
Суфлер: Зорица Благоевска
Реквизитер: Златан Бојчевиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Изработка на фотографиите: Fashionel
Фризерски услуги: Infinity Studio

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/brachna-igra

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот е 300 денари.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304