We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
03
APR

Премиера на филмот „Еднакви“

20:00
22:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Вечерите на Женски Права 2018 продолжуваат со премиерната проекција на документарниот филм „ЕДНАКВИ“, во режија на Владимир Митревски, а во продукција на Институтот за човекови права и Сектор Филм.

Со филмот „ЕДНАКВИ“ ја одбележуваме 110 годишнината од борбата за родова еманципација на нашите борки Роза Плавева и Наќие Бајрам.

По проекцијата на филмот следи дебата со: Гордана Нацева (поранешна голманка на ракометната репрезентација на Македонија и Директорка на РК Вардар), Васка Бајрамовска - Мустафа (заменик Правобранител на РМ) и Нина Ангеловска (Директорка на Групер). Модератор на дебатата е Ана Јовковска.

Настанот се реализира со поддршка на Град Скопје и Канцеларијата на UN Women во Скопје.

03 Април 2018 (вторник)
Кино Фросина, Младински Културен Центар.
Почеток 20.00 часот. Влезот е бесплатен.