We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
21
APR

Record Store Day #2 во МКЦ

13:00
18:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Друштво,
МКЦ и AP(o)TEKA / АП(о)ТЕКА vinyl shop ве канат на второто издание на светскиот настан Record Store Day закажан за 21 април со почеток во 13 часот на платото пред МКЦ!
На програмата:
Настап на домашносветските диџеи, кои ќе пуштаат музика исклучиво на винили>>
Нора Стојановиќ (Мизар, Vermilion Deviate, Nora)
Saša Pavlović aka Fresh (Süns, Demek, Bernays Propaganda)
Zoran Ristevski aka Zoki Bejbe (наше, а светско)
+
Live перформанс на Mammoth & Yashem

Во духот на настанот, Награда за Македонски амбасадор на овогодишното издание на Record Store Day му ја доделуваме на најдобриот македонски, балкански а цврсто ќе ја браниме и тезата дека е во редот на најдобрите европски гитарист на сите времиња - Vlatko Stefanovski. Признанието, му припадна најмногу заради фактот што токму тој во изминативе 50 години, колку што трае неговата музичка кариера (првиот документ каде се споменува состав каде тој членува - Јегуље, датира од 1968 година), со име и презиме ќе потпише најмногу винилни изданија во македонската дискографска историја. Најмногу под името Леб и Сол (10 единечни, еден дупли албум, 3 синглови и еден “Интервју со...” сплит дупли албум), една сингл плоча како Влатко и Бодан, еден албум под сопственото име (Vlatko Stefanovski) и еден (дупли 12”EP) под името Vlatko Stefanovski + Miroslav Tadić. Почеста да се биде Worldwide Record Store Legend ја добива Владимир Мандичевски - Манде, долгогодишен пасиониран колекционер на физички изданија, редовен посетител на ретките македонски независни музички продавници, но најмногу поради улогата која ја имаше неговата (прва во Р. Македонија) музичка продавница Bagi Shop на почетокот на 90тите години од минатиот век.
На програмата е планирана и изложба на омоти на македонски плочи и изданија кои годинава слават 20-25-30-40 години од своето издание +
можност за купување винили и CD-а од АП(о)ТЕКА со специјален попуст за тој ден, од 20 % !
Се гледаме во МКЦ!

Other events by
Младински Културен Центар