We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
03
APR

Велигденска панел дискусија

20:00
22:00
Секој Студент
Event organized by Секој Студент

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Празнично влеговме во Велигденската седмица која трае од Цветници до Велигден. Неделава изобилува со многу празници и обичаи, но ние како студентска организација сакаме да ги поттикнеме студентите да навлезат малку во суштината на празнувањето на Велигден.

◙ Како и зошто се празнува Велигден?
◙ Кое е значењето на Велигден за современиот човек денес?
◙ Каква врска има воскреснувањето на Исус во Ерусалим во 1ви век, со современиот македонец денес во 21век?
◙ И најпосле, ние не гледаме секојдневно да оживуваат мртви. Дали има докази дека овој „религиски настан“ навистина се случил во историјата?

Овие и слични прашања заеднички ќе ги продискутираме на оваа панел дискусија на која свои видувања ќе ни дадат:

- М-р Марко Грозданов (магистер по теологија)
- Дипл. Инж. Златко Бучкоски (апологет)
- Златко Максимов - студент на ФЕИТ

Секако и публиката ќе може да се вклучи со прашања и свои видувања.
Панел дискусијата ќе се одржи во Скопје, во просториите на Секој Студент (види Cover Photo на фан страната за локација).
Време: Вторник, 20 часот.
Влезот е БЕСПЛАТЕН за студентите.