We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
17
APR

Пофалба на Лудоста

20:00
21:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Со особена гордост Ви ја најавуваме најновата продукција на театар „Чин 4 Сцена 5“, монодрамата „ПОФАЛБА НА ЛУДОСТА“!

Еразмо Ротердамски
ПОФАЛБА НА ЛУДОСТА
Игра: МИЛАН СЕКУЛОСКИ
Режија: Саша Нацевски

Оваа претстава е првата професионална продукција на театар „Чин 4 Сцена 5“, со која се означува почетокот на еден нов правец во развојот на овој приватен театар, а тоа е продукцијата на професионални театарски претстави. Текстот е драмска адаптација на филозофското дело напишано пред 500 години, од страна на холандскиот филозоф Еразмо (Ротердамски). Во монодрамата е направена селекција на најинтересните делови од истото. Станува збор за сатирично исмевање и критикување на декадентното општество, во кое мнозинството ѝ дава значителна предност на лудоста (глупоста, незнаењето, униформираноста...), во однос на мудроста и филозофијата. Причината поради која е избран токму овој текст, е пред сè, неговата севременост, односно тесната поврзаност со денешното време. „Пофалба на лудоста“, иако напишана пред 5 векови, е еднакво актуелна и денес, бидејќи ги опфаќа аномалиите во сите општествени сфери на секојдневното живеење: љубовта, бракот, сексот, театарот, уметноста воопшто, политиката...

ДА НЕ БЕШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК ГЛУП, ВТОР НИКОГАШ НЕМАШЕ ДА СЕ РОДИ!

Премиера: 17.04.2018. (вторник)
НУЦК „Марко Цепенков“ - голема сала.
Цена на билетот: 80 денари.

Информации и резервации на телефон
075 48 66 57

Тренирај креативност!