We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Wednesday
28
MAR

Мобинг & Coaching - Препознај и дејствувај

18:00
20:30

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Трениниг за справување со мобинг


Уникатен спој од правото и реалната пракса.

Практична комбинација од психолошки алатки и техники како да го превенирате или да се справите со мобингот веќе кога се случува и правните аспекти од истиот кои ќе ви помогнат емотивно и ментално да се заштитите.

Секој втор граѓанин во Република Македонија е жртва на психичко и/или полово вознемирување на работното место. Дел од нив се одлучуваат да се заштитат, а дел се одлучуваат да молчат. Бидете од оние коишто ќе се заштитат и ќе придонесат за градење на одговорна организациска и корпоративна култура. Дознајте и научете повеќе за Вашите права.

Едуцирај се, превенирај и дејствувај!

Темите на настанот ќе бидат:

-Препознавање на мобингот
-Разлики на мобинг од дискриминација и повреда на работни обврски
-Причини и последици за мобинг
-Заштита од мобинг (судска и вонсудска постапка)

Користејќи го коучингот како алатка на 21 - виот век за справување со различни специфични предизвикувачки ситуации ќе научите како:
- Да комнуницирате со себеси во услови кога сте жртва на мобинг
- Како да се справите со стресот по настанатата ситуација
- Како да го кренете својот глас и да се соочите со моберот
- Како да ги земете работите во своите раце и да се носите со ситуацијата на здрав начин
- Да ги препознаете психолошките реперкусии од оваа форма на насилство на работното место.

Предавачи:
Maрина Анчевска - НЛП тренер, личен и професионален коуч.
Маја Ристова - Адвокат, специјализирана во областа на работните односи, особено во делот на заштита од вознемирување на работното место (мобинг).

Котизација - 2000 денари.

Побарајте повеќе информации или пријавете го своето учество на
078 402 762 или contact@centerbpsee.com