We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Sunday
01
APR

Јога за мајки и деца

11:00
12:00
108 Yoga House
Event organized by 108 Yoga House

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Јогата е за сите... а пред сè за децата!

Свесни сме како денес децата живеат во брз свет на училишни обврски, непрекинати лекции, видео-игри, трговски центри и конкурентни спортови. Вообичаено не ги доживуваме ваквите влијанија како стресни за нив, но честопати се. Нашето динамично темпо на живот може тивко да се рефлектира врз нивната вродена радост кон животот и да ги засегне без да сме свесни за тоа.

Сè повеќе истражувања потврдуваат дека јогата може да помогне во справување со овие притисоци. Кога децата уште во рана возраст учат техники за подобро здравје, релаксација и внатрешно исполнување, тие развиваат способност да ги дочекуваат предизвиците на животот со малку повеќе леснотија. Јогата уште на самиот почеток ја поттикнува самопочитта и свесноста за телото со физичка активност која е пред сè лична. Поттикнувајќи соработка и сочувство - наместо трка и натпревар со другите - е прекрасен подарок и освежување за нивната нежна психа.

Децата имаат огромни придобивки од јогата. Физички, ја зголемува нивната флексибилност, сила, координација и свесност за телото. Покрај тоа, нивната концентрација и чувство на смиреност и релаксација се подобруваат. Вежбајќи јога, децата си играат, се поврзуваат подлабоко со внатрешното јас и развиваат интимна врска со природниот свет што ги опкружува. Јогата има единствен начин да ја поттикне и извади на површина таа чудесна внатрешна енергија која децата ја носат во себе.

А за вас драги мајки, ова е прекрасна можност да го оживеете духот на детството и низ игра да се раздвижите, да медитирате и дишете заедно со вашето дете. Преку јогата заеднички истражуваме и откриваме уште еден начин на кој можеме меѓусебно да се доживуваме, поттикнуваме и поврзуваме.

*Татковците се исто така добредојдени!


Часовите ќе се одржуваат секоја НЕДЕЛА од 11:00 - 12:00 часот

Локација: 108 Yoga House, Дебар Маало

Почеток 01.04.2018

Месечна членарина за вас и вашето дете: 800 денари
Цена од час: 250 денари

За повеќе информации и пријавување пишете ни порака или јавете се на 070/250-774, Ангела.