We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Friday
22
JUN

Seiki Shiatsu - Семинар со Сенсеи Цвика Калисар!

10:00
18:00
108 Yoga House
Event organized by 108 Yoga House

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Тридневен Seiki Shiatsu семинар со Сенсеи Цвика Калисар!

Учесниците кои ќе се регистрираат до 1 јуни добиваат попуст од 30 евра!

По завршувањето на семинарот се доделува сертификат за учество издаден од Seiki Meridian Shiatsu International на сите учесници.

Курсот е погоден за почетници и за напредни практиканти.

Јазик на семинарот: англиски + македонски

*Напомена: Учесниците треба да носат удобна облека за време на семинарот.


🔷 За Сенсеи Цвика Калисар:

Цвика Калисар е шиацу терапевт и учител од 1985 година (33 години).

Неговото клиничко истражување и големото искуство во наставата доведоа до развој на методот Seiki Meridian Shiatsu. Тој е основач и учител на Меѓународната асоцијација за Сеики Меридијан Шиацу која има центри низ цела Европа, Северна и Јужна Америка, Израел, Австралија и Нов Зеланд.

Калисар студирал во Токио од 1985 година во училиштето Намикоши Шиатсу и Зен Шиацу во центарот на Масунага во Иокаи. Од 1987 до 1990 година тој практикувал шиацу во Кјото. Од 2001 - 2007 се враќа во Токио и ја води Шиацу школата како постар учител на своите Јапонски студенти, истовремено посветувајќи се на создавањето и развојот на меѓународен наставен план и програма за шиацу обуки. Во текот на следната деценија гради мрежа на шиацу центри и клиники додека интензивно патува и организира семинари низ цела Европа.

Неговата постојана интеракција со пациенти, професори, терапевти и студенти, во Јапонија, Израел, Англија, Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Франција, Швајцарија, Русија, Бугарија, Романија, Грција, Индија, Тајланд, САД, Канада, Аргентина и Чиле, дава уникатна перспектива во неговата истражувачка дејност.


✅Цена на учество:
150€ до 01.06.2018
180€ до 21.06.2018

✅Пријавување: 50€ (неповратни средства) пред семинарот и доплата на останатиот износ на првиот ден од семинарот.

✅Контакт за информации и пријавување:
Ангела Мицајкова +38970250774
e-mail: 108yogahouse@gmail.com

✅Локација: 108 Yoga House Скопје, во Дебар маало