We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Thursday
12
APR

Презентација за Летни Универзитети 2018

16:00
18:00
AEGEE-Skopje
Event organized by AEGEE-Skopje

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Се уште немате планови за ова лето? Сакате да одите на јазичен курс во Германија, да станете вински експерт во Торино или можеби да ги посетите трите историски главни градови на Русија - Санкт Петербург, Новгород и Москва? Или пак сакате да имате незаборавно гастрономско искуство во северниот дел на Италија? Доколку одговорот е ДА тогаш побрзајте и аплицирајте за некој од 58-те летни универзитети организирани во мрежата на АЕГЕЕ Европа!
Едуцирајте се, патувајте и разменете искуства со голем број студенти ширум Европа и имајте незаборавно лето!

Кој летен универзитет да го одберам? Која е процедурата? Како да аплицирам? Што е вклучено? Ќе ви одговориме на сите прашања за време на презентацијата на правниот факултет Јустинијан Први во четврток (12.04.2018) во 16:00 часот.

Летниот Универзитет е настан кој се одржува во периодот од Јуни до Септември и трае од една до најмногу четири недели, организиран во повеќе од 100 градови каде АЕГЕЕ има свое претставништво. Покрај патувањето, за време траењето на Летниот Универзитет се одржуваат различни активности кои можат да бидат од академски карактер, како курс за учење на странски јазици, до мултикултурни курсеви како на пример: запознај ја естонска култура, шпанската историја, грчката митологија, научи како да пловиш, курсеви по фотографирање, танци и спорт, во зависност од тематиката на летниот универзитет.

Не Ви откриваме повеќе, дојдете, видете за што станува збор и не пропуштајте можност за незаборавно лето!
Апликациите за летните универзитети се отворени до 2ри Мај.

На овој линк може да прочитате се и да ги разгледате понудите, па потоа да ни се обратите со конкретни прашања http://www.projects.aegee.org/suct/su2018/su_list.php

За подетални информации можете да не контактирате на нашата фејсбук страна или на официјалниот меил: info.aegeeskopje@gmail.com

Venue

AEGEE-Skopje