We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Wednesday
20
JUN

Курс за Онлајн маркетинг со Петар Ниновски

17:30
19:30
Brainster
Event organized by Brainster

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Без разлика дали си маркетер, студент, претприемач или програмер, овој курс е наменет за неуморни индивидуи кои ја искористуваат секоја шанса за професионално надградување, подготвени се да напредуваат во интензивна средина за учење, и се разбира, сакаат да ги научат најважните вештини кои мора да ги знае секој маркетер.

👉 Регистрирај се на: http://bit.ly/ОнлајнМаркетинг

На овој 4 дневен курс за Онлајн Маркетинг со Петар Ниновски, учесниците ќе работат на реален проект и ќе имаат шанса сами да креираат маркетинг кампањи за реални примери.

Низ примери и вежби ќе образложиме повеќе маркетинг стратегии, мeѓу кои ќе биде и стратегијата која ја креиравме за Brainster при самото започнување, која ни донесе продажба од повеќе од 30 000 евра во првата година без да платиме ниту 1 евро за маркетинг.

Ќе ја разгледаме ПР стратегијата на Brainster која ни донесе повеќе од 110 објави во медиуми меѓу кои и објави во Forbes и Huffington Post.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

Со овој курс ќе направиме сеопфатен преглед на онлајн маркетингот, новите трендови, корисни алатки, но ќе се фокусираме на повеќе квантитативни аспекти, изнаоѓање на нови маркетинг канали и ефективни современи маркетинг кампањи.

Учесниците на овој курс ќе научат како да користат аналитика за сегментирање и таргетирање на корисниците со цел создавање на вистински ефективна маркетинг кампања.

Види детална програма тука: http://bit.ly/ОнлајнМаркетинг👈

За кого е наменет овој курс?

За сите они кои сакаат да научат маркетинг вештини за нивните моментални работни позиции, да направат промена во кариерата, или пaк да започнат со сопствен бизнис.

Сите кои ќе го завршат курсот ќе се стекнат со сертификат.

Venue

Brainster