We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
08
MAY

Курс за Bitcoin и Криптовалути со Мартин Михајлов

17:30
19:30
Brainster
Event organized by Brainster

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Ова не е курс за тоа како да купиш, продадеш и постигнеш брза заработка со Bitcoin, Ethereum или некоја друга криптовалута. Ова е курс за нешто многу повеќе од тоа.

👉 Регистрирај се на: http://bit.ly/КурсЗаBitcoin

Овој курс ќе ти помогне од почеток до крај да разбереш една нова технологија. Технологија која го менува светот и начинот на кој работиме со парите, финансиите, меѓусебните договори... Со сѐ што е вредно.

За кого е наменет овој курс:

• За оние кои се љубопитни да научат нешто повеќе за оваа технологија.
• За оние кои сакаат да научат вештина апликабилна на секојдневното раководење со бизнис.
• За оние кои работат со криптовалутите и сакаат да добијат подлабоко разбирање.
• Ако сѐ што е ново во tech светот те влече како магнетизам, овој курс е за тебе.

За да дознаеш зошто криптовалутите се толку посебни мора да разбереш како функционираат и од технички и од економски аспект.

Мора да се запознаеш со суштинските прашања:

• Што се криптовалути?
• Какви различни типови на криптовалути постојат?
• Како функционираат криптовалутите?
• Зошто Bitcoin е толку посебен?
• Како се определува вредноста на криптовалутите?
• Што лежи во иднината?

По завршувањето на овој курс ќе знаеш сѐ што е потребно за да можеш да правиш разлика помеѓу фактите и илузијата кога слушаш или читаш за криптовалутите.

А можеби ќе добиеш и генијална идеја за сопствен крипто-проект.

Програма по денови:

Ден 1 - Криптична економија

Ден 2 - Блокчеин

Ден 3 - Криптографија

Ден 4 - Рударење

Ден 5 - Вредност на криптовалути

Ден 6 - Од криптовалути до криптосредства

Ден 7 - Инвестирање


👉 Регистрирај се на: http://bit.ly/КурсЗаBitcoin

За инструкторот:

Мартин Михајлов е опседнат со истражување на модерните технологии и нивното влијание врз луѓето. Со криптовалутите се запознава во 2013-та година кога го истражува Dark Web и оттогаш повеќе не е истиот :)
Инаку е доктор по информатички науки. Работи на Економскиот факултет во Скопје веќе 12 години каде што држи настава по IT предмети, учествува во бројни научно-истражувачки проекти и објавува научни трудови во престижни списанија. Кога не се занимава со академска работа или талка некаде низ светот или е на тренинг по бразилско џиу џицу.

Venue

Brainster