We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
15
MAY

Курс за Public Speaking со Ана Трпеска

20:00
22:00
Brainster
Event organized by Brainster

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Како да зборуваш за луѓето да те слушаат?

Без разлика на професијата, секој од нас се соочил со тремата и несигурноста што се јавува пред секое јавно говорење.

📣Програма: http://bit.ly/КурсPublicSpeaking

Низ теоретски и практични делови, научи како да се подготвиш за твоето јавно претставување, како да го победиш стравот од презентирање и како сигурно да застанеш пред мала или голема публика која ќе сака да те слушне.

Овој курс е наменет за:

- Сите оние кои сакаат да ги научат тајните алатки на добриот јавен говор и да ги подобрат своите вештини.

- Доколку во твојот приватен и професионален живот има ситуација каде треба да зборуваш и изнесуваш идеи, искуства или знаења пред еден човек или поголема група на луѓе.

Можеби е тоа јавен настап, презентација на проект на работа, тренинг.. не дозволувај твојот потенцијал да остане скриен или заробен.

Што сѐ ќе поминеш?

ДЕН 1

- Како да се продадеш себеси и твојата идеја

- Како да зборуваш за луѓето да те слушаат

- Присуство на сцена

- Позиционирање на сцена

- Говор на тело

ДЕН 2

- Публика

- Идентификување на публиката

- Персона

- Storyboard на твојот говор

- Q&A сесија

- Како да ги спречиш/контролираш вербалните тикови

- Гласот како алатка

- Типови на глас

- Вежби за гласот

- Проектирање на гласот

- Идентификување на тема за практичниот дел

ДЕН 3 - Практичен

Секој од учесниците ќе треба да подготви кратка презентација на тема која претходно ќе ја утврдиме. Секој од учесниците ќе може да даде feedback.

Што ќе евалуираме: Намера, идентификување на публика, говор на тело, вербални тикови, глас, присуство на сцена.

📣Регистрирај се тука: http://bit.ly/КурсPublicSpeaking

По завршувањето, сите учесници ќе добијат сертификат во дигитална и печатена форма.

Venue

Brainster