We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Wednesday
11
APR

Се што треба да знаете за бременоста

18:00
20:00
Lulka
Event organized by Lulka

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

За сите трудници кои се на почеток на бременоста и за младите кои планираат да имаат бебе, Ви ја најавуваме работилницата на тема „Се што треба да знаете за бременоста“ која ќе се одржи на 11.04.2018 година, во Хотел Порта од 18-20 часот.

Оваа работилница е наманета за оние двојки кои неодамна добиле или наскоро сакаат/очекуваат да добијат позитивен тест за бременост. Дозволете ни, со нашиот гинеколог Др Вероника Кокоромановска, да Ви ја претставиме бременоста во позитивно светло, да Ви ги пренесеме информациите за сите важни прегледи, скрининзи, начин на живот и однесување во бременоста, со цел да имате здрава бременост и здраво бебе. Една од целите на оваа работилница е да се намали бројот на компликации во бременоста и да се превенира предвременото породување, кое е важен ризик фактор за високата смртност на новороденчињата во Република Македонија*.

Котизацијата за работилницата е 200 денари по лице, а поканети се и Вашите партнери, идните татковци, за кои, како и на претходните работилници, имаме подготвено посебно изненадување. Пријавете се на нашата е-маил адреса contact@lulka.org со име и презиме.
_________________________________________________

* Организацијата Лулка е дел од Европската мрежа на родителски организации кои ги застапуваат и се залагаат за подобрување на условите за нега на предвремено родените бебиња и поддршка на нивните семејства, под покровителство на EFCNI. Организацијата Лулка има големо искуство во спроведување на едукација за бременост, породување и доење, како и со едукација и превенција на предвременото породување.