We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
14
APR

Работилница: Цртање Мандали

17:00
20:00
Inside Yoga
Event organized by Inside Yoga

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Мандалата е спиритуален и ритуален симбол употребуван во различни источни древни култури како во Хиндуизмот, Будизмот, Таозмиот и тн. Преку вид на дијаграм или графикон, на геометриски патерни и фигури, го претставува Универзумот.

Метафизички и симболички ја репрезентатира внатрешна состојба на микрокосмосот во нас самите, нашето јаство и го рефлектира боженственото, тоест макрокосмосот на универзумот.

Мандалата претставува релација на човекот со бесконечниот свет, пресликувајки се преку физичкото и менталното до спиритуалното.

Секоја мандала е еден посебен свет кој одговара само на личноста која го создава, како свој личен духовен печат - симбол.

Додека се создава мандалата сме во директен контакт со внатрешното јас - па поради тоа не обзема смиреност и внатрешна хармонија, мислата се стишува и останува само ритамот на нашето срце и дишењето кои не воведуваат во медитативна состојба.

Кога еднаш ќе создадете мандала и ќе спознаете што лежи во вас, ќе посаката повторно да застанете пред парчето хартија со молив во рака и да запловите во океанот на бесконечното многу форми и можности.

Работилницата ја водат:
Викторија Попоска и Марија Димишкоска

Повеќе за Викторија дознајте тука: https://www.facebook.com/victoryapop23/

Повеќе за Марија дознајте тука:
https://ashtangayogaskopje.mk/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/


Работилницата ќе се оддржи во сабота 14ти Април од 17:00 до 20:00 ч.

Котизација: 400 денари

Сите потребни материјали за работилницата (акрил, туш, фломастери, моливи, водени бои, платна) ќе бидат обезбедени од наша страна.

На крајот, вашата лична мандала си ја понесувате со вас дома.

Добродојдени се сите!

За повеќе информации контактирајте ја Викторија на 078 712 307 или Марија на 077 979 802.

Venue

Inside Yoga