We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Friday
16
MAR

ПЕТТА Димензија

19:00
20:00
Joga Studio Delfy Spirit
Event organized by Joga Studio Delfy Spirit

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Основната човекова потреба е да изрази, прима и дава безусловна љубов која на физички план претставува љубов кон ближниот. Таа љубов е новата димензија на постоење, бидејќи без љубов, животот нема смисла. Низ неа човекот воспоставува здрава врзаност со семејството, општеството и Планетата и прима божествена милост во својата најдлабока внатрешност. Поголемиот дел од популацијата живее во третата и четвртата димензија во која е доминантна материјалистичката свест, егото и свеста на искушенијата и страдањето.
Животот во петтата димензија содржи нови аспекти на постоењето. Во неа сите желби, мисли и планови брзо се остваруваат во секојдневната реалност. Станувате свесни за вашето повисоко Јас, водени сте од интуицијата и внатрешната мудрост. Се ослободувате од колективните несвесни верувања и стравови, ограничувања и блокади и станувате свесни дека тие засекогаш ќе останат во минатото. Прифаќате сè и храбро чекорите понатаму на својот пат. Знаете дека универзумот е со вас, дека имате бесконечен потенцијал и дека можете да ги остварите своите соништа и желби. Вашата душа е носител на вашиот изворен идентитет и вие го пратите тој глас. Вашите планови се во склад со вашата душа и сè она на што ќе се посветите се претвора во успех и просперитет.

Петтата димензија не е воопшто апстрактна или недостижна. Таа е дел од човековата еволуција и е достапна за сите.
Човековата свесност има мулти-димензионална природа. А тоа значи дека имаме потенцијал да ја прошириме свесноста и во димензиите над материјалното ниво во кое живееме. Единствено човечките битија имаат способност свесно да еволуираат. Аурата е нашето енергетско поле и тоа се менува со промената на мислите, емоциите и свеста. Чакрите се енергетски и духовни центри со кои се поврзуваме со луѓето, Планетата и Универзумот. Со проширување на свеста се менуваат и чакрите, и стануваат посветли и брзо се движат.
Проширувањето на свесноста се постигнува на повеќе начини, меѓу другото со работа на себе, молитви, и медитација.

Медитацијата трае еден час. Се изведува во лежечка (шавасана) положба. Потребно е да бидете облечени во удобна облека и да си понесете со себе топло ќебенце или прекривка.
*Цената на часот изнесува 250 денари.
**Информации во инбокс или на тел: 075 436 070.

Местата се ограничени, пријавете се на време!

Медитацијата ја води инструктор по јога и лајф коуч тренер Катерина Сековска – Анѓеловиќ.
Студио за Јога и личен развој Делфи Спирит
Ул: Дренак 6А, населба Кисела Вода (кај поранешно Адриалаб)