We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
10
APR

Old School предроденденски приказни!

21:00
01:00
Old School Cafe
Event organized by Old School Cafe

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

На само неколку денови од големиот десетти роденден на нашето место, ви приготвивме неколку настани на кои тешко ќе им оддолеете.
Вторник - Гледаме филм. Сличноста меѓу њујоршкоит клуб CBGB & OMFUG и Old School Cafe е сличност која им е јасна на многу млади музичари на нашата сцена. Решивме да му посветиме вечер на овој филм. Проекцијата почнува во 21ч. Потоа преслушуваме музика од бендовите кои своето патување во светот на музиката го започнале баш во овој клуб.
Среда - По неклку успешни часови по историја во нашето место, оваа среда младиот професор по историја Vlad Kuhar ви подготви настан на кои ќе раскажува за крстоносните војни на балканот додека вие пиете големо пиво по цена од 80 ден.
https://www.facebook.com/events/568643723519569/
Четврток - Kaly
Прекрасно е чувството кога можеш да се пофалиш со успесите на своите „деца“. Прекрасната Kalina Velkovska го одбра баш нашето место за да ви го промовира својот спот и својата прва самостојна песна. Настан кој не смее да се пропушти.
https://www.facebook.com/events/1042766685864618/
Петок - Next to Silence. Конечно, на наше огромно задоволство, се договоривме со момците да ви ја раскажат нивната приказна на наш терен. Музика за сите човечки сетила.
Сабота- Можеме да се пофалиме со петтиот Second Hand шопинг во Old School. Настан во кој разменуваме облека без никаков паричен надомест. Се што ќе остане по размената, донираме на ранливите категории во нашиот град.
Броиме ситно! Се гледаме во вашиот омилен ден, на вашиот омилен настан.