We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
20
MAR

Основна Обука за планирање EU&US проекти (вкл. менторство потоа)

09:00
16:30
Proefekt
Event organized by Proefekt

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Следната Oбука за планирање предлог проекти од ЕУ и други донатори е закажана на:
- 20-21 март (вторник-среда), во рамките на која се организира и бесплатна сесија за отворените грант повици на 20/03/2018 од 9:30 до 11:30.
За време на оваа Обука фокусот ќе биде на Interreg-IPA програмата за прекугранична соработка (ПГС) помеѓу Бугарија и Мaкедонија 2018.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до јуни 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневната обука за пишување проекти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве ЕУ и други донаторски програми (кои се отворени во моментов):

1.Повик за доделување грантови за граѓански организации на Норвешка амбасада (грант програма менаџирана од БТД) за зајакнување ЕУ интерграции на Македонија, Црна Гора и Србија (Рок: отворен)
2. Глобален Фонд за помирување 2018 на УСАИД (Рок: 30/03)
3. Повик за грантови на ИПА 2 „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни судски реформи“ (Рок: 23/04)
4. Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија (Рок: Април/мај 2018)
5. Повик за грантови на ИПА 2 „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни судски реформи“ (Рок: 23/04)
6. Зголемување на лидерството во училиштата: Подготовка на младите со вештини за 21 Век потребни на Економијата базирана на знаење (Рок: 2/05)
7. Поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија. (Рок: 11.05.2018)

Програмата Ерасмус + на ЕУ поддржува проекти, партнерства и настани во областа на образованието, обука, млади и спортот, ги има следните отворени повици:
1. КА 2: Стратешки партнерства во областа на образованието и обуката (Рок: 21/03/2018)
2. КА 3: Европски експериментирања во донесувањето политики (Рок: 04/04/2018)
3. Активности Спорт (Партнерства за соработка, Мали партнерства за соработка и Непрофитни Европски спортски настани) (Рок: 05/04/2018)

Дополнително Ерасмус + децентралзиирани повици (за кои се аплицира во Македонија) се:
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок:ови 26/04/2018)
2. Стратешки партнерства во областа на млади (Рокови: 26/04/2018)
3. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рокови: 26/04/2018)

Во делот на МЕДУМИ, програмата Creative Europe ги има следниве отворени повици:
1. Промоција на Европски работи онлајн 2018 (Рок 5/04/2018)
2. Поддршка на подготовка на аудиовизулени содржини-поединечни проекти (Рок. 19/04/2018)
3. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
4. Поддршка на ТВ Програмирање 2018(Рок. 24/05/2018)

Програмата за Вработување и социјални иновации на ЕУ (EaSI) ги има следниве отворени повици:
1. EaSI-PROGRESS –Повик за грантови за социјални иновации и национални реформи: Иновативни стратегии за работен-животен баланс за да се фацилитира помираување на професионалкните и домашните обврски (Рок: 18/04/2018)
2. Поддршка на трансакиските трошоци за поддршка на финансиите на социјалните претпријатија – трет рок (Рок: 15/04/2018)

Во зависност од интересот учесниците ќе дознаат и за 20-на постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година.

Посебен фокус ќе биде даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до март 2018.

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) .

Пополнетата апликација за учество (на следниот линк:https://goo.gl/forms/1Sw8bmm1urb7qRxl2 ) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk