We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
31
MAR

Oсновна обука за Еу проекти (Фокус: Проектот за туризам на Еу)

09:30
16:30
Proefekt
Event organized by Proefekt

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Најновата Обука од циклусот Обуки за планирање и пишување на предлог проекти за повици за грантови од ЕУ и други донатори, се организира на:
- 31 март – 1 април (сабота-недела ), Основна Обука за EU&US проекти (во Скопје), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 31/03/2018 од 9:30 до 11:30 (со Фокус: Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија“ и Проекотт за локална и регионална конкурентност во туризмот на ЕУ спроведуван од Светската Банка во Скопје)

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до јуни 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневната обука за пишување проекти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка). Покрај наведените две програми, за време на Обуката ќе се претсават и следниве ЕУ и други донаторски програми за грантови (кои се отворени во моментов):

1. Повик за доделување грантови за граѓански организации на Норвешка амбасада (грант програма менаџирана од БТД) за зајакнување ЕУ интерграции на Македонија, Црна Гора и Србија (Рок: отворен)
2. Повик за регрантирање на Центарот за граѓански комуникацииа за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на податоци од локален, регионален или од национален интерес, за областите кои што се фокус на нивниот интерес и работење. (Рок: 01.04.2018)
3. Јавен повик на Општина Струмица за 2018 г. во областите на “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права (Рок: 02/04/2018)
4. Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD за општина Ресен (Рок: 05.04.2018)
5. Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD за општина Гостивар (Рок: 9.04.2018)
6. Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD за општина Куманово (Рок: 9.04.2018)
7. Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD за општина Кавадарци (Рок: 15.04.2018)
8. Јавен повик од Програмата за Мали Грантови во рамки на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“ Фондацијата ЦНВП и Мрежата за рурален развој (Рок: 15/04)
9. Повик за проекти за ИПА 2 проектот Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор (Рок: 23/04)
10. Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија (Рок: 30 Април 2018)
11. Повик на Проект Градиме Мостови (Рок: 1/05)
12. Зголемување на лидерството во училиштата: Подготовка на младите со вештини за 21 Век потребни на Економијата базирана на знаење, B&M Gates Foundation (Рок: 2/05)
13. Активирање на глобалното граѓанство : градење на нова генерација на глобални граѓани за глобални цели (Рок: 02/05/2018)
14. Поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија. (Рок: 11.05.2018)
15. Повик за концепти за Програмата за мали грантови на амбасадата на САД (Рок: 01/06/2018)
16. Повик за грантови на НЕД (National Endowment for Democracy) (Рок: 22.06.2018)
17. Повик за предлог проекти на ЕЕД ( The European Endowment for Democracy) -( Рок: Отворен).
Програмата Ерасмус + на ЕУ поддржува проекти, партнерства и настани во областа на образованието, обука, млади и спортот, ги има следните отворени повици:
1. КА 3: Европски експериментирања во донесувањето политики (Рок: 04/04/2018)
2. Активности Спорт (Партнерства за соработка, Мали партнерства за соработка и Непрофитни Европски спортски настани) (Рок: 05/04/2018)
Дополнително за аплицирање во Македонија се следниве термини:
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок:ови 26/04/2018)
2. Стратешки партнерства во областа на млади (Рокови: 26/04/2018)
3. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рокови: 26/04/2018)
Во делот на МЕДУМИ, програмата Creative Europe ги има следниве отворени повици:
1. Промоција на Европски работи онлајн 2018 (Рок 5/04/2018)
2. Поддршка на подготовка на аудиовизулени содржини-поединечни проекти (Рок. 19/04/2018)
3. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
4. Поддршка за обука 2018 (Рок. 26/04/2018)
5. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
6. Дистрибуција - Автоматска поддршка (Рок. 28/04/2018)
7. Поддршка на ТВ Програмирање 2018 (Рок. 24/05/2018)
8. Мрежи на кино сали (Рок. 31/05/2018)
9. Дистрибуција - селективна поддршка, (Рок. 14/06/2018)
10. Дистрибуција - Поддршка на агенти за продажба (Рок. 16/06/2018)
Програмата за Вработување и социјални иновации на ЕУ (EaSI) ги има следниве отворени повици:
1. Поддршка на трансакиските трошоци за поддршка на финансиите на социјалните претпријатија – трет рок (Рок: 15/04/2018)
2. EaSI-PROGRESS –Повик за грантови за социјални иновации и национални реформи: Иновативни стратегии за работен-животен баланс за да се фацилитира помираување на професионалкните и домашните обврски (Рок: 18/04/2018)
3. Мерки за инфомирање ии обука на работнички организации (Рок: 18/05/2018)
4. Повик за предлози во областа на непријавената работа (Рок: 13/06/2018)

Во зависност од интересот учесниците ќе дознаат и за 20-на постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година.

Посебен фокус ќе биде даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до јуни 2018.

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) .

Пополнете апликација за учество во Обуката на следниот линк: https://goo.gl/forms/FFE41zVepLU7LYsa2 . Истата треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk