We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Tuesday
03
APR

Oсновна обука за Еу проекти

09:30
16:30
Proefekt
Event organized by Proefekt

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Најновата Обука од циклусот Обуки за планирање и пишување на предлог проекти за повици за грантови од ЕУ и други донатори, се организира на:
- 3-4 април 2018 (вторник-среда), Основна Обука за EU&US проекти (во Скопје), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 3/04/2018 од 9:30 до 11:30 (Фокус: Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот)

Покрај основната обука, се организра и напредна Обука во следниот термин:
- 10-12 Април (вторник-четврток) , Напредна обука за пишување проекти, во рамките на која се организира и бесплатна сесија за отворените грант повици на 10/04/2018 од 9:30 до 11:30

Напредната обуката за пишување проекти е продолжение на досега понудената Обука за подготовка на ЕУ прокети, и е наменета за оние поединци и организации кои сакаат да се фокусираат на развој на вештини за пополнување и пишување проектни апликации. За повеќе детали за оваа тридневна обука, износите на котизација и пријавување во напредната Обука следете го овој линк: https://goo.gl/forms/COy87exNqMJqvmDK2.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до мај 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ (или на друга локација кога е потребно) со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневната обука за пишување проекти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве ЕУ и други донаторски програми (кои се отворени во моментов):

1. Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD за општина Кавадарци (Рок: 15.04.2018)
2. Јавен повик од Програмата за Мали Грантови во рамки на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“ Фондацијата ЦНВП и Мрежата за рурален развој (Рок: 15/04)
3. Повик за проекти за ИПА 2 проектот Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор (Рок: 23/04)
4. Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија (Рок: 30 Април 2018)
5. Повик на Проект Градиме Мостови (Рок: 1/05)
6. Зголемување на лидерството во училиштата: Подготовка на младите со вештини за 21 Век потребни на Економијата базирана на знаење, B&M Gates Foundation (Рок: 2/05)
7. Активирање на глобалното граѓанство : градење на нова генерација на глобални граѓани за глобални цели (Рок: 02/05/2018)
8. Поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија. (Рок: 11.05.2018)
9. Повик за концепти за Програмата за мали грантови на амбасадата на САД (Рок: 01/06/2018)
10. Повик за грантови на НЕД (National Endowment for Democracy) (Рок: 22.06.2018)
11. Повик за предлог проекти на ЕЕД ( The European Endowment for Democracy) -( Рок: Отворен).

Програмата Ерасмус + на ЕУ поддржува проекти, партнерства и настани во областа на образованието, обука, млади и спортот, ги има следните отворени повици:
1. КА 3: Европски експериментирања во донесувањето политики (Рок: 04/04/2018)
2. Активности Спорт (Партнерства за соработка, Мали партнерства за соработка и Непрофитни Европски спортски настани) (Рок: 05/04/2018)

Дополнително Ерасмус + децентралзиирани повици (за кои се аплицира во Македонија) се:
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок:ови 26/04/2018)
2. Стратешки партнерства во областа на млади (Рокови: 26/04/2018)
3. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рокови: 26/04/2018)

Во делот на МЕДУМИ, програмата Creative Europe ги има следниве отворени повици:
1. Поддршка на подготовка на аудиовизулени содржини-поединечни проекти (Рок. 19/04/2018)
2. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
3. Поддршка за обука 2018 (Рок. 26/04/2018)
4. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
5. Дистрибуција - Автоматска поддршка (Рок. 28/04/2018)
6. Поддршка на ТВ Програмирање 2018 (Рок. 24/0а5/2018)
7. Мрежи на кино сали (Рок. 31/05/2018)
8. Дистрибуција - селективна поддршка, (Рок. 14/06/2018)
9. Дистрибуција - Поддршка на агенти за продажба (Рок. 16/06/2018)

Програмата за Вработување и социјални иновации на ЕУ (EaSI) ги има следниве отворени повици:
1. EaSI-PROGRESS –Повик за грантови за социјални иновации и национални реформи: Иновативни стратегии за работен-животен баланс за да се фацилитира помираување на професионалкните и домашните обврски (Рок: 18/04/2018)
2. Поддршка на трансакиските трошоци за поддршка на финансиите на социјалните претпријатија – трет рок (Рок: 15/04/2018)
3. Мерки за инфомирање ии обука на работнички организации (Рок: 18/05/2018)
4. Повик за предлози во областа на непријавената работа (Рок: 13/06/2018)

Во зависност од интересот учесниците ќе дознаат и за 20-на постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година.

Посебен фокус ќе биде даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до јуни 2018.

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) . Цените на Напредната Обука се повисоки, пред се поради поголемиот број на денови на Обуката, и истите можат да се најдат овде: https://goo.gl/forms/COy87exNqMJqvmDK2

Пополнете апликација за учество во Обуката на следниот линк: https://goo.gl/forms/SaItQR87KHfeTDxF2 . Истата треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk