We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Monday
16
APR

Lidership in action Training

09:00
17:00

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Пријавувањето е во тек!
Формата на обуката е прилагодена за жени во бизнис. Целата програма е организирана во 2 тренинг сесии, секоја во траење од 2 дена, со пауза помеѓу сесиите. Базирана е на најдобрите светски практики и широките експертски знаења, интерактивна е и вклучува практични вежби и примери од секојдневниот живот. Обуката дава комплетен преглед на лидерството и на тоа како да се искористат лидерските техники за да се постигне долгорочен успех во бизнисот. Нуди суштински вештини, ресурси и техники за ефективно лидерство и менаџмент за жени претприемачи. Водите сопствен бизнис и сакате да ги унапредите своите лидерски вештини? Тогаш, оваа обука е за вас. Таа ќе ви помогне да ги усовршите вашите лидерски вештини.
Обуката ќе ја реализира APPLICATIO Training & Management (Germany) во соработка со CEFE.Тие беа избрани поради нивното искуство во областа на лидерството и поради нивното знаење за тоа што значи успешно водење на една компанија и што треба за да се инспирира раст на истата. Обучувачи ќе бидат Елена Антоновска и Зоран Витанов. Учеството на обуката чини 6.200 денари, а истата ќе биде на македонски јазик. Во цената на обуката се вклучени тренинг материјали, освежување итн. За дополнителни прашања ве молиме испратете е-маил на petricht@ebrd.com или јавете се на +389 2 3135 078.