We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Saturday
14
APR

Интеркултурна/спортска работилница со бегалци

10:00
17:00
Legis
Event organized by Legis

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

НВО Легис објавува повик за учество на млади лица од Македонија во втората интеркултурна /спортска работилница, која ќе се одржи на 14 април во транзитниот центар за бегалци во Табановце, Куманово.

Работилницата има за цел да создаде повеќе простор за средби и директни размени помеѓу бегалците и локалното население и на тој начин да ја подигне свеста кај локалното население за ситуацијата на бегалците кои во моментот престојуваат во ПТЦ Табановце во Македонија, како и да ја намали социјалната ексклузија на бегалците.

10 млади лица ќе бидат одбрани за втората работилница, која ќе биде водена од обучен младински работник. Работниот јазик на работилницата е англиски. Патните трошоци ќе бидат целосно покриени (ве молиме имајте на ум дека само јавни патни трошоци, како автобус/воз ќе бидат покриени). Ќе има обезбедено посебен транспорт од центарот на Куманово до транзитниот центар “Табановце”. Предуслов за пријавување е апликантите да имаат најмалку 18 години.

Заинтересираните кандидати треба да го попoлнат електронскиот формулар најкасно до понеделник, 9 април:

https://goo.gl/forms/E9UI8UnMnJKQf6RV2

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани.

Проектот е имплементиран од НВО ЛЕГИС со поддршка на проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија”. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија “ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH