We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. Read more…
Wednesday
11
APR

„Еднаш свет изградив“

20:00
21:15

Get Directions

Category
#var:page_name# cover

Текстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот. Дали децата може да избегаат од изборите на своите родители и дали може да направат свои самостојни избори или тие секогаш ќе носат сенка од изборите на своите родители, дали постојат универзални вредности или сите се индивидуални? Дали на животот може да му се даде подолготрајна смисла или секоја животна фаза има свое значење? Дали некое од овие прашања има дефинитивен одговор или засекогаш остануваат отворени?
Претставата е работена низ заеднички, експериментален процес заедно со актерите од Театарот за деца и младинци - Драган Довлев, Ненад Митевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Бојан Кирковски и младиот гостин Михаел Стојановски кој има само девет години.
Сценографијата е на Мери Батакоја, костимите ги дизајнираше Бранкица Јордановска, композитор на музиката е Дарија Андовска, а дизајнот на светлото е на Звездан Миљковиќ.

Херман Хесе е честопати е потценуван како писател затоа што се обидува да ги симплифицира развојните фази на животот на една личност. Тој во своите романи фазите ги дели на духовна, нагонска и интелектуална, но сметам дека токму поради оваа “чиста“ класификација и поделба неговите романи се привлечни за сите нас во нашата адолесцента загубеност и потрага по сопствен идентитет. Драго ми е што после неколку години во „Театарот за деца и младинци“ се поставува претстава која е наменета за младинската и возрасната публика. Претставата како форма на нарација и театарска игра е динамична при што двете главни приказни постојано се преплетуваат. Се надевам дека оваа сценска динамика ќе и биде блиска и предизвикувачка за современата публика.ЈАНЕ СПАСИЌ, автор и режисер на претставата